Утрински Весник
Македонија

Скопјанец под истрага за недозволена трговија со дрога

Скопјанец под истрага за недозволена трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за две кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот 55-годишник, на 25 јануари, во својот автомобил држел 24 пакувања со вкупно 8,94 грама хероин, како и две пакувања со вкупно 1,25 грама метамфетамин. Откако ги забележал полициските службеници, тој го запрел возилото на паркинг на улицата „Њуделхиска“ и пешки се дал во бегство. Полицајците го следеле, па тој влегол во агенција за недвижности, a дрогата ја фрлил при влезот во објектот. Полициските службеници ја пронашле дрогата, а лицето го лишиле од слобода.

Во текот на постапката утврдено е основано сомнение дека истото лице, на 06.10.2022 година во дом на улицата „Радика“ во Скопје, каде престојувал како потстанар, заради продажба држел 0,61 грам амфетамин, а истиот ден на сведок му продал 0,45 грама хероин.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото за кое и претходно веќе неколкупати е осудуван, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можете да прочитате

ОВА Е САМО ПОЧЕТОК: За време на викендот очекувајте уште постудено време и нови обилни врнежи од дожд

Ковачевски: Победа на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и обезбедување на мнозинство со кое ќе ја формираме про-европската Влада

Јакимовски до Бујар Османи: Што лошо имаме ние со Србите, зарем Македонија не направи доволно за Косово?