Утрински Весник
Македонија

Скопјанец осомничен за убиство на својата баба, ја тепал, а потоа ја задушил

IMG

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата баба. Според првичните сознанија, тој ја нападнал удирајќи ја по главата и вратот, а потоа ја задушил.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците и вештаците или да изврши друго убиство. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница