Триесет и четиригодишен скопјанец со своето возило излетал од патот Гостивар-Тетово при што се здобил со тешки повреди.
„Вчера во 23.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка Камењане, патничко возило „хјундаи генезис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.Р.(34) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово“, информираат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.