Утрински Весник
Економија

ŠKODA OCTAVIA СО ДВОЈНА ПОБЕДА: Златно Тркало за Најпосакуван Семеен Автомобил и Најпосакуван Автомобил на Годината 2021

ŠKODA OCTAVIA СО ДВОЈНА ПОБЕДА: Златно Тркало за Најпосакуван Семеен Автомобил и Најпосакуван Автомобил на Годината 2021

Со свечена церемонија за доделување на наградите, на мал настан организиран од страна на жирито на Златно Тркало и се пренесуваше во живо на социјалните мрежи, новите ŠKODA OCTAVIA и OCTAVIA COMBI ја примија главната награда за Најпосакуван Автомобил на Годината и Најпосакуван Семеен Автомобил. Овие награди претставуваат вистинско признание од јавноста за новата, 4-та генерација на OCTAVIA.

Со освојувањето на најголем дел од гласовите на јавноста, наградата Златно Тркало во категоријата Најпосакуван Семеен Автомобил беше примена од страна на Бренд Менаџерот на ŠKODA – г-дин Миле Станчев, кој истакна дека ова признание целосно го потврдува големиот интерес за новиот модел и нагласи дека сите карактеристики, технологија и практичните елементи ја ставаат новата OCTAVIA на врвот над своите конкуренти.

Главната награда за Најпосакуван Автомобил на Годината, исто така ја освои новата OCTAVIA со повеќе од 54% од вкупните гласови од јавноста. Генералниот Директор на Порше Македонија, г-дин Златко Муцунски ја прими наградата на вчерашната церемонија и јасно нагласи дека новата насока во која се движи ŠKODA го отвора патот за силен имиџ на брендот и препознавање од страна на јавноста на перцепцијата за квалитет, практичност, економичност и врвна технологија која ја нуди оваа нова генерација на OCTAVIA.

Жирито на Златно Тркало е составено од најголемите и најреномираните автомобилски новинари во државата: Авто Плус, Car Club, Cars by Vik и RPM.

(ПР-текст)

Можете да прочитате

Пекевски: 3 евра разлика за исто кафе – Македонија поскапа од ЕУ

ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА, во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа