Утрински Весник
Спорт

Скандал на Мундијалот: Ацо Јоновски тргнал да се тепа со членови на „Фалангата“?!

Скандал на Мундијалот: Ацо Јоновски тргнал да се тепа со членови на „Фалангата“?!

Голем скандал се случил после убедливиот пораз на ракометната репрезентација на Македонија против Холандија (24-34) откако поранешниот македонски репрезентативец Ацо Јоноски, кој сега е асистент во стручниот штаб на селекторот Кирил Лазаров барал физичка пресметка со македонските навивачи кои се дел од „Фалангата“ која го бодри националниот тим во Краков.

dobivaj vesti na viber

Еден од навивачите на Македонија откри дека Јоноски сакал да се тепа со нив, нервозен поради поразот и лут поради критиките што стручниот штаб и ракометарите ги добија после вториот пораз на Светското првенство.

Овие навивачи најавуваат бојкот на третиот меч против Аргентина кој треба да се одигра утре, а повикуваат тоа да го сторат и сите останати македонски фанови во Краков.

„Ацо Јоноски наместо да повикува на тепачка надвор од салата, да дојде јавно да се извини на мене и на уште еден навивач за критиката што не ја прифати по завршување на мечот. Ако сака да се тепаме, ќе се тепаме – тоа е најлесно решение. Очигледно најтешко во овие моменти е да дојдеш и да поразговараш со навивачите колку толку и да ги објасниш причините за поразот, па го избираш полесното решение. Од мене имате бојкот и свртен грб против Аргентина. Не заслужувате никаква искрена поддршка со ваквиот пристап на игра и со однесувањето на поединци кои се дел од стручниот штаб“, објави во коментар на Фејсбук навивачот кој се „закачил“ со Јоновски, а „тагнат“ е официјалниот профил на Ракометната федерација на Македонија.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка