Утрински Весник
Македонија

Скандал на изборите: Во Недела ќе гласаме за починати лица

E0959796 8f2c 4799 9bfb 8872aaa7d194.jpeg

Изборниот процес во Скопје е сериозно компромитиран по откритието дека Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ) на својата советничка листа за Град Скопје кандидирало лице кое е починато уште во јануари 2024 година.

платено политичко рекламирање

Според информациите, станува збор за кандидат на реден број 15, со иницијали Б.Љ., родена во 1940 година, која, и покрај тоа што починала пред повеќе од девет месеци, сè уште фигурира како активен кандидат.


Овој случај отвора сериозни сомнежи за манипулација и злоупотреба на изборниот процес, бидејќи починатото лице се наоѓа и на избирачкиот список. Тоа го доведува во прашање интегритетот на изборите и отвора дилема колку уште вакви случаи има на листите на други партии и во избирачките списоци низ државата.

Правни експерти укажуваат дека ваквото постапување претставува кривично дело и бараат од институциите итна реакција и проверка на сите кандидатски листи пред изборите.

Граѓаните со право реагираат и прашуваат како е можно починати лица да останат дел од официјалните изборни документи, без никој да ја сноси одговорноста.

Инаку Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ) е коалиционен партнер во власта на ВМРО-ДПМНЕ

Можете да прочитате

Лапе: Прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид во земјава, овчарот од Старо Нагоричане ќе се товари вкупно за шест убиства

Приведен охриѓанец, на сила одзел телефон на женско лице, нападнал полициски службеници и во домот поседувал дрога

Повредни две лица во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и електричен тротинет управуван од шестгодишно дете