Утрински Весник
Магазин

Скандал на Греми наградите: Килер Мајк уапсен откако освои три „Греми“

20240205085240 big 730x400 45.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Познатиот рапер Килер Мајк, чие вистинско име е Мајкл Рендер, беше одведен со лисици од арената Крипто.ком за време на доделувањето на Греми наградите. Ова се случи откако на синоќешната церемонија доби три награди.

Како што пишува Њујорк Пост, Мајк бил уапсен поради наводна физичка пресметка со обезбедувањето на настанот.

На видеото кое беше објавено на мрежите се гледа како славниот рапер шета низ салата со најмалку двајца полицајци и неколку мажи во црни одела.

Видеото го објави Крис Гарднер од Холивуд Репортер, кој изјави дека постои можност раперот наскоро да биде ослободен.

Мајк освои три награди на наградата: најдобра рап песна, најдобра рап изведба и најдобар рап албум.

Потсетуваме, на 66-тото доделување на Греми наградите, пејачката Тејлор Свифт испиша историја бидејќи беше првата која четири пати ја освоила Греми.

Можете да прочитате

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка