Утрински Весник
Спорт

Скалони останува аргентински селектор по триумфот на Мундијалот

Скалони останува аргентински селектор по триумфот на Мундијалот

Лионел Скалони, селекторот кој на Аргентина им ја донесе третата светска титула во Катар минатата година, потпишал продолжување на договорот до 2026 година, потврдуваат од националната фудбалска федерација.

dobivaj vesti na viber

44-годишниот Скалони, кој како фудбалер имаше седум настапи за Аргентина, работеше како помошник на селекторите во Аргентина и селектор на У-20 репрезентацијата пред во 2018 година да ги преземе „албиселесте“.

И покрај сомнежите околу неговото искуство, за кое се побуни и покојниот легендарен Диего Марадона, токму Скалони го прекина постот од 28 години без интернационален трофеј предводејќи го тимот до Копа Америка во 2021, пред големиот успех во Катар во декември.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија