Мастерсот во Мајами ќе добие нов шампион – Италијанецот Јаник Синер во првото полуфинале го декласира бранителот на титулата Русинот Данило Медведев со 6:1, 6:2.
За разлика од возбудливото финале на Австралија Опен, кога се виде голема борба и Италијанецот упати пресврт, вечерва Синер за нешто повеќе од еден час го совлада индиспонираниот Медведев и избори пласман во финалето, каде што в недела за ривал ќе го има подобриот од дуелот меѓу Александар Зверев и Григор Димитров.
.