Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на културата повикува на протест пред Уставен суд

Skrm protest 1 750x375 1.webp.webp

Под мотото „Кога гасите уметници – го гасите светлото“, Синдикатот на културата ги повикува културните работнити и граѓаните да дојдат на протестот кој е закажан за 28 април, со почеток во 13 часот, на платото пред Уставниот суд.

Од СКРМ порачуваат дека замолчувањето на гласот на уметниците претставува удар врз правдата, слободата и иднината на општеството. Според Синдикатот, културата и уметноста се темели на секоја заедница и не смее да се дозволи нивно маргинализирање.


Во повикот се наведува дека протестот не е само социјална борба на вработените во културата, туку и поширока битка за зачувување на достоинството, слободата и правото на израз.

„Не постои општество без култура. Не постои иднина без уметност. Не постои правда ако гласот на уметниците се замолчува. Ако денес молчиме – утре ќе нема кој да зборува“, се наведува во повикот на СКРМ.

Синдикатот ги повикува уметниците, културните работници и сите граѓани кои ја вреднуваат слободната мисла да се приклучат на протестот. Целта, како што посочуваат, е да се испрати јасна порака до институциите дека уметноста и културата мора да бидат заштитени.

Од СКРМ очекуваат масовна поддршка, оценувајќи дека станува збор за важен момент за одбрана на професионалниот интегритет и достоинството на културните работници.

Можете да прочитате

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

За влез во Грција се чека по неколку часа

Филипче ќе посети земјоделци во Долни Балван