Утрински Весник
Магазин

„Симпсонови“ во 2000 година: Некои луди луѓе на еден остров тајно го владеат светот; толкувањата посочуваат на Џефри Епстин

Simpsonovi.jpg

Гледачите забележаа детаљ во цртаната хумористична серија „Симпсонови“ – остров којшто е во сопственост на контроверзниот мултимилионер Џефри Епстин. Имено, во епизодата од 12. сезона „Компјутерот носеше злобни чевли“ (The Computer Wore Menace Shoes), којашто се прикажуваше во 2000 година, Хомер создава интернет-страница за озборувања, ширење гласини и лажни вести под псевдонимот „Г-н Икс“.

Меѓу теориите на заговор на Хомер е и наводот за „луди луѓе на островот“, што некои гледачи го толкуваат како посочување на приватен остров на Американските Девствени Острови што бил во сопственост на Џефри Епстин. Сцена од епизодата, инаку напишана од Џон Сварцвелдер и режирана од Марк Киркленд, посочува напис на „Г-н Икс“ којшто вели: „Внимание: Некои луди луѓе на еден остров тајно го владеат светот“.

Следат дел од реакциите од следачите на социјалните мрежи.

„Бев без зборови по оваа епизода“, „Ова не е ситком, туку вистински приказ на нашите животи“, „Тие знаат сè“ – гласат коментарите на платформата „Икс“.

Некои корисници на социјалните мрежи тврдеа дека креаторот на „Симпсонови“, Мет Гронинг наводно и патувал со еден од приватните авиони на Епстин. 

Можете да прочитате

Пет летни намирници од кои можат да се направат здрави оброци 

Најголемите филмски неуспеси на Холивуд во 2026 година

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година