
Две лица загинаа, а снабдувањето со електрична енергија е делумно прекинато во Балтикот откако силни бури и дождови го погодија регионот.
Итните служби извлекоа тело на маж од под паднато дрво во литванското село Мазионис, додека друг маж загина од паѓање на градежен отпад во латвискиот град Јелгави. Неколку лица се хоспитализирани со повреди.
Повеќе од 250.000 домаќинства привремено останаа без електрична енергија во Литванија, објави националниот оператор, а сличен број беа погодени и во соседна Латвија.
Регионот на Балтичкото Море беше особено погоден од прекини предизвикани главно од дрвја што паднаа на далноводи, според операторот. „Ова е дефинитивно најлошата бура што ја забележавме ова лето“, изјави метеоролог од Литванската метеоролошка служба за националното радио.
Во Латвија, новинската агенција Лета, повикувајќи се на метеоролошки податоци, ја опиша бурата како „најразорна што ја погодила земјата од 2005 година“.
Бурите, кои достигнаа брзина на ветерот до 30 метри во секунда, започнаа во регионот во саботата, а се очекува дождот и ветерот да продолжат и во недела.
Властите во двете земји претходно издадоа предупредувања за бура.
Обилните дождови предизвикаа и поплави во неколку региони, нарушувајќи го патниот, железничкиот, воздушниот и бродскиот сообраќај.


