Утрински Весник
Свет

Силна бура предизвика штети во централна Словенија и Љубљана

Nevreme.jpg

Централна Словенија, вклучувајќи ги Љубљана, областа Врхника и Лог, беше зафатена од силна бура со град што започна во саботата попладне, објавија словенечките медиуми.

Според РТВ Словенија, невремето било проследено со силни ветрови кои корнеле покриви и кршеле дрвја. Порталот „Метеоинфо Словенија“ на Фејсбук објави дека градот бил со големина на орев, а на некои места се наталожила толкава количина што морала да се расчистува со лопати. Се проценува дека е причинета и значителна штета на земјоделските парцели.


Хидрометеоролошката служба на Словенија соопшти дека времето ќе се стабилизира и дека денеска ќе биде релативно сончево, со утрински температури од 7 до 13, а максимални до 16 Целзиусови степени во словенечка Истра.

Можете да прочитате

Три сестри на возраст од 9, 11 и 17 години се удавија во Средоземното Море

Украина со дронови ги нападна Москва и Санкт Петерсбург

Зеленски: За неколку дена ќе бидат подготвени безбедносните гаранции за Украина