Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес во Кина, има загинати и повредени

Screenshot 2026 05 18 081758.png

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди регионот Гуангси во југозападна Кина утрово при што загинаа две лица.

Според информациите од кинеските медиуми, евакуирани се над 7.000 луѓе во градот Лиуџоу, додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат, а властите предупредуваат за прекини во сообраќајот.

Потврдени се два смртни случаи, едно лице сè уште се води како исчезнато, а четири лица се однесени во болница, иако ниту едно немало повреди опасни по живот, објавија CCTV и државната новинска агенција Xinhua. Тринаесет згради се урнаа во раните утрински часови, објави државната телевизија CCTV.

Железничките власти, исто така, предупредија за прекини во сообраќајот додека ја проверуваа интегритетот на железничката инфраструктура.

Комуникациските и далноводите, снабдувањето со вода и гас и сообраќајот во погодената област функционираа нормално, објавија државните медиуми.

Можете да прочитате

Ирански бродови без инциденти поминаа низ американската поморска блокада во Оманскиот Залив

УНИЦЕФ: Повеќе од милијарда деца изложени на повеќекратни климатски ризици

Венс: Меморандумот меѓу САД и Иран е општ документ, деталите допрва ќе се договараат