Утрински Весник
Балкан

Силен ветер превртуваше камиони на автопатот во Истанбул

Img 5823.jpeg

Силен и бурен ветер денеска создаде сериозни проблеми во сообраќајот на автопатот Северна Мармара во Истанбул, каде што, според информации од турските медиуми, беа превртени неколку камиони.

Налетите на ветерот биле толку силни што тешките товарни возила изгубиле рамнотежа, по што дел од нив завршиле превртени на коловозот. Поради инцидентите, сообраќајот на одредени делници бил значително отежнат, а формирани се и долги колони возила.

На терен интервенирале полициски и спасувачки екипи, додека надлежните служби апелираат до возачите на зголемена внимателност и прилагодување на брзината, особено кај високи и лесни возила, поради ризик од силни странични налети на ветер.

ЛИНК до видео

Можете да прочитате

Масовни поплави во Косово – 24info.mk

Голем пожар во Тирана: Горат околу 50 магацини, евакуирани многу семејства

Силно невреме во Западна Турција: Прекинат сообраќајот низ Босфорот и Дарданелите