Утрински Весник
Македонија

Силен ладен циклон од Џенова ни носи обилни врнежи, заладување и снег

Meteoalarm.mk 34.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на силен ладен циклон со центар над Џеновскиот залив, вечерва, во текот на ноќта  и утре претпладне петок 27-ми март 2026 во Македонија ќе имаме пообилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има појава и на ретки грмежи. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог особено во западните предели (над 25 литри на метар квадратен дожд).


Поради продор на ладен воздух од север на повисоките места  и на планините над 1000 метри надморска височина и особено во западните  и во северозападните предели од Македонија ќе има врнежи од снег и ќе се формира нова снежна покривка од над 10/15 сантиметри. Има услови снежната граница во западните  и во северозападните предели од Македонија да се спушти и под 1000 метри со што услови за врнежи од влажен снег ќе има  и во повисоките населени места.

Во Скопје  и околината исто така за време на овој период ќе има врнежи од дожд проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). На околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

Температурите позначително ќе опаднат и утре наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 9 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени. Во Скопје  и околината утре наутро температурата ќе се спушта до околу 6 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 12 степени.

Можете да прочитате

Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството

(Видео) Сообраќајка во Аеродром – настрада возач на тротинет

Тепачка меѓу болничари во Ургентниот центар на Клинички