Утрински Весник
Македонија

Сибирски студ оваа седмица во Македонија: Наутро температури до -10 степени!

Meteoalarm.mk 49.png
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во нашата Република Македонија во најголем дел од оваа седмица ќе биде невообичаено ладно за овој период од годината и со температури кои ќе бидат далеку под просекот за месец април, и истите ќе бидат дури и за повеќе од 10 степени пониски од просечните за април. Сето ова е поради влијанието на многу ладниот бран кој се спушта директно од Сибир кон нашите краишта.


Иако претежно стабилно, суво и сончево, со појава на умерена облачност, оваа седмица наутро ќе биде многу ладно со температури кои насекаде во Македонија ќе се спуштаат под нулата, со што очекувам појава на умерени до силни мразеви, кои особено негативно ќе се одразат врз овошките и расцветаните дрвца.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, и тоа во најголем дел од оваа работна седмица, додека на високите планини тие ќе се спуштаат дури и под -10 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу -3 степени.

Преку ден пак тие исто така ќе бидат под просекот за април и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, а најладно преку ден ќе биде денес (понеделник 7 април) со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 10 степени.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!