Утрински Весник
Македонија

ЗНАМ: Нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ

Znam.webp.webp

Соопштение на ЗНАМ:

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во своето кусо постоење како политички субјект покажа и докажа дека секогаш работи транспарентно и отворено и точното информирање на јавноста му е приоритет. Движење ЗНАМ – За наша Македонија смета дека за да нема забуни јавноста треба да биде информирана за следното: Владиното мнозинство е стабилно и нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ. ЗНАМ за сите отворени прашања и забелешки разговара со премиерот, како и во работната група во која учествува како политички субјект и таму се разговара, преговара и се усогласуваат политиките. Истовремено се следи реализацијата на владината програма и основните принципи и начела врз кои почива договорот за поддршка на владината програма


Движењето ЗНАМ- За Наша Македонија на локалните избори, како што е веќе најавено, ќе настапи со свои кандидатски листи за советници.

Во однос на градоначалничките места се преговара со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за истакнување на кандидати на ЗНАМ или на ВМРО-ДПМНЕ по одредени општини, каде поддршката од двете партии ќе ја добие кандидатот на онаа што ќе биде истакнат за градоначалник уште во првиот круг од изборите. Што се однесува до Куманово, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе има свој кандидат за градоначалник. Партиските тела и органи во Куманово ќе одлучат кој ќе ја има честа да учествува во траката за тоа место.

Можете да прочитате

МВР: 2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Кочани се буди: Време е за нов почеток со чест, љубов и одговорност

Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови, велат од Онкологија