Утрински Весник
Свет

„Си-ен-ен“: Суровикин бил таен ВИП член на Вагнер, нема глас од рускиот генерал

„Си-ен-ен“: Суровикин бил таен ВИП член на Вагнер, нема глас од рускиот генерал

Документите што ги видел Си-Ен-Ен укажуваат дека рускиот генерал Сергеј Суровикин бил таен ВИП член на приватната воена група Вагнер, објавија медиумите.

dobivaj vesti na viber

Според документите, Сергеј Суровикин имал личен регистарски број во Вагнер, како и најмалку 30 други високи руски воени и разузнавачки функционери.

Вагнер не одговори на барањето на „Си-ен-ен“ за коментар.

Суровикин не е виден во јавноста од минатата сабота, кога објави видео во кое го повикува шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин да го запре бунтот на приватната воена група. Не се знае каде е Суровикин, а некои медиуми објавија дека тој бил уапсен во изминатите неколку дена.

Суровикин е командант на руските воздухопловни сили и заменик командант на руските трупи во Украина, а го добил прекарот генерал Армагедон поради неговата безмилосна тактика на бомбардирање градови во Сирија.

Вчера, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарски прашања за тоа каде се наоѓа генералот Суровикин, препорача да се контактира Министерството за одбрана.

На прашањето дали е познато моменталното место на живеење на Суровикин и дали Кремљ може да ги потврди извештаите за апсењето, тој нагласи дека нема што да каже освен она што веќе беше кажано на оваа тема.

„Во однос на сите структурни единици во рамките на министерството, ве молиме контактирајте го министерството“, рече Песков.

Претходно „Њујорк тајмс“ објави дека Суровикин однапред знаел за бунтот и дека руските власти проверуваат дали тој е соучесник, додека порталот „Москов тајмс“ објави дека Суровикин е уапсен.

Можете да прочитате

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната