Утрински Весник
Свет

Сијарто: Во интерес на ЕУ е што поскоро да ги прими земјите од Западен Балкан

Sijarto.jpg
Img 5587

Кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ е нарушен со одолговлекувањето на интегративниот процес на прием на земјите од Западен Балкан, изјави денеска министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, додавајќи дека е во интерес на ЕУ што поскоро да ги интегрира земјите од регионот во своите рамки.

На заедничката прес-конференција со министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, Сијарто истакна дека изборите во Европскиот парламент го отворија патот за „десничарски, мирни, суверени“ промени во политичкиот правец што се нарекува „здрав разум“. „ во европските политички дебати, додека ЕУ би можела да ги реши долгорочните предизвици и да ги интегрира „амбициозните и брзоразвивачките“ земји од Западен Балкан, објави МТИ.

Img 5587

Денес, додаде тој, на Европската унија и е потребен Западен Балкан повеќе отколку на Балканот ЕУ.
Додека, од една страна, многу земји-членки на ЕУ јавно го поддржуваат проширувањето, вели Сијарто, зад сцената работите се поинакви, нагласувајќи дека Унгарија, за време на своето претседавање со Европскиот совет во втората половина на оваа година, ќе ја промени оваа „лицемерна политика и ќе ја стави на темелите на чесноста“.

Ss1

Можете да прочитате

Светски економски форум: Вакви нивоа на долг не се забележани уште од времето на Наполеон

Пропалестинските демонстранти ја окупираа зградата на Американскиот универзитет Колумбија

Турк вознемирен од третманот на пропалестинските протести на американските универзитети