Утрински Весник
Свет

Сијарто: „Од Европската Унија, јас бев единствениот што се сретнав со Лавров“

Сијарто: „Од Европската Унија, јас бев единствениот што се сретнав со Лавров“
Dik 300x250 mk

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изразил жалење бидејќи тој бил единствениот претставник на ЕУ кој се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН оваа недела, пишуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

Според него, Европската Унија треба да ја искористи секоја можност за дијалог со Русија.

„Жал ми е што јас бев единствениот од ЕУ што разговарав со него, бидејќи ако повеќе наши колеги разговараа со Лавров, тоа може да помогне во решавањето на конфликтот или барем сигурно нема да ги намали шансите за конфликт. И сега мислам дека во овие околности треба да ја искористиме секоја можност“, изјавил Сијарто за РИА Новости.

Тој посочил дека е во постојан контакт со Лавров.

„Затоа што сметам дека разговорот и дијалогот мора да продолжат, особено во сегашните услови, кога тензиите растат, а опасноста од ескалација на војната, за жал, е реална. Ако не разговараме меѓу себе, ќе предизвикаме уште посериозна штета“, изјавил Сијарто.

Унгарскиот министер оценил дека „ако нема дијалог меѓу Западот и Русија, меѓу Европа и Русија, тогаш сè може да оди уште полошо отколку што беше порано, а тоа треба да се избегне“.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети