Утрински Весник
Свет

Сијарто: Не сум пренесувал на Русија информации за Европската Унија

Sijarto.webp.webp

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска ги отфрли обвинувањата дека со години споделувал со Русија доверливи информации од Европската Унија..

„Како и секогаш, лажни вести“, напиша Сијарто на социјалната мрежа X.


„Лажете за да ја поддржите партијата Тиса да формира марионетска влада во Унгарија за војната против Украина“, додаде тој, алудирајќи на главната опозициска партија пред парламентарните избори на 12 април. 

Сијарто рече дека обвинувањата се дел од „украинската пропаганда“ насочена кон поддршка на опозицијата и влијание врз резултатот од изборите.

Во статија во „Вашингтон пост“, цитирана од неколку европски медиуми, се наведува дека Сијарто редовно го информирал рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за затворените дискусии за време на состаноците на Советот на ЕУ.

Можете да прочитате

Иран ги негира тврдењата на Трамп дека двете страни постигнале согласност околу клучните точки

Европската комисија бара од Будимпешта да ги разјасни тврдењата за врските на Сијарто со Москва

Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови