Утрински Весник
Македонија

Сиљановска свика итен состанок со Комисијата за помилување

Siljanovska.webp.webp

Комисијата за помилување составена од шест членови попладнево се состанува со претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“. Оваа средба следи по жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, дознава Гласот на Америка на македонски јазик.

Акиф Равмановски еден од водачите на криминалната група „Барон“ од скопски Чаир после еден ден откако беше помилуван повторно се најде зад решетки.

Тој денес беше пуштен од затворот „Идризово“ каде издржуваше казна од 1 година и три месеци заради нелегално поседување на оружје бидејќи беше помилуван од претседателката Сиљановска – Давкова и казната беше заменета со условна. По пуштањето тој е веднаш уапсен.

Равмановски се сомничи за обид за убиство во инцидент кој се случи пред десетина дена во скопски Чаир каде беше застрелан член на ривалскиот клан од селото Грчец, инаку баран со меѓународна потерница.

Можете да прочитате

Седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Тошковски: Нова шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

Уапсени три лица, меѓу нив и сопственичка на салон за убавина