Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба на дела на македонски уметници „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј”

Foto 3 6.jpeg

Во рамките на официјалната посета на Словачката Република, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Братислава ја посети мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј”, посветена на духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј и словенската писменост.

Кураторот на изложбата, Кирил Пенушлиски, ги претстави делата на македонските уметници Александра Костадиновска, Ана Митевска, Ангел Коруновски и Лазе Трипков, реализирани преку сликарство, фотографија и дигитални медиуми.


Сиљановска-Давкова, оценувајќи ја изложбата како импресивна и моќна,  укажа дека уметноста е еден од најсилните облици на културна дипломатија и меѓусебно поврзување. 

„Уште еднаш се покажа дека креативноста, умот и талентот се побрзи од светлината. Ова во моментот е градот на светлината, просторот којшто осветлува. Далечината меѓу Скопје и Братислава исчезнува за миг, а она што нѐ поврзува  е глаголицата”, рече Сиљановска-Давкова во изјава за медиумите.

Според претседателката, делото на светите Кирил и Методиј не е само духовно и историско наследство, туку жив цивилизациски код што нè поврзува како народи.

Пенушлиски се заблагодари на македонската амбасада во Братислава, Министерството за култура и туризам и Националниот центар за култура и образование во Братислава, за поддршката во реализацијата на изложбата, за којашто очекува да биде претставена и во други градови.

Можете да прочитате

ОЈО бара притвор за сите четири осомничени лицa во акцијата за спорна набавка во Царина

Косовар баран со потерница уапсен на Блаце

Повредени двајца работници во Гостивар