Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми

Foto 5.jpeg

По повод Меѓународниот ден на Ромите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими истакнати ромски уметници и културни дејци, активни на македонската културно-уметничка сцена и пошироко.

Низ отворен и конструктивен дијалог, беа разменети мислења за македонскиот културен амбиент и местото на уметниците, вклучувајќи ги и ромските во него. По плодната дискусија, се сложија околу насушната потреба да добијат шанса за поголеми можности за присуство и видливост во уметничкиот живот.


Сиљановска-Давкова истакна дека ромските уметници и покрај докажаниот придонес во развојот на македонската културно-уметничка сцена, но и пошироко и подалеку, остануваат маргинализирани. 

За неа е важно да се надмине нееднаквоста на шансите во културниот натпревар, преку уметничка, наместо политичка евалуација, како и со поголема институционална поддршка на најталентираните Роми уметници.

Мора да ги надминеме стереотипите и да ги афирмираме очигледните културни ромски дострели. 

Уметниците, со претседателката ги споделија своите животни и уметнички визии, искуства, успеси и дострели, препознавајќи во дигиталните платформи и мултимедијалните форми алатки за поголема уметничка презентација.

Беше истакната важноста на вмрежувањето, како фактор за унапредување и стимулирање на нивната уметничка дејност.

Претседателката, честитајќи им го Меѓународниот ден на Ромите, повика на важноста од препознавање и поддршка на најталентираните Роми уметници, како и на младите уметници воопшто, како незаменливи творци на квалитетен културен живот.

Можете да прочитате

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Приведени две лица барани со потерници за издржување затворски казни

ИКС: Во пресрет на изборите е потребна мобилизација за справување со странско мешање