Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин

Si Anovska Davkova 1.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска и утре во Берлин, Сојузна Република Германија, ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина, соопшти претседателскиот Кабинет.

На конференцијата, чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, е предвидено учество на шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации, на бизнис и граѓанскиот сектор.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на настанот.

Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија. Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина. 

Можете да прочитате

Направена е првата ендоскопска операција на тумор на мочен меур

Маж пронајден починат во својот дом

Дворови на пет училишта ќе бидат бесплатен паркинг