Утрински Весник
Македонија

Температурите паднаа за 15 степени, измерени се само 4 степени во Македонија!

Soncevo Park Most.webp.webp

По многу топлиот бран кој ја зафати нашата Република Македонија и донесе многу високи температури на воздухот, денешното утро (10 јули четврток) донесе многу пониски температури, пониски дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до вчера (9 јули среда).

Сето ова е поради продорот на многу поладен воздух од северозапад во нашата Македонија. Исто така, ова е проследено и со повремено засилен до силен ветер од северен правец, и истиот е најсилен во Повардарието.


Денешното утро најниска температура од само 4 степени донесе во Лазарополе, а како што можете да видите на табелата, на повеќе места температурата се спушти близу, па и под 10 степени. Само во Повардарието остана да биде потопло, како и вообичаено. На табелата можете да ги видите денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и сето тоа на мерните станици на УХМР.

Можете да прочитате

Пожар кај Илинден: Огнот во близина на цистерни и бензинска пумпа, пожарникарите на терен

Несекојдневен протест во Охрид: Со СУП даски направија блокада во езерото

Уапсен маж од Крушево, дома му нашле дрога и оружје