Утрински Весник
Свет

Швајцарскиот суд казни четворица демонстранти поради транспарентот „Убиј го Ердоган“

Picture 1054 660x398 1.jpg

Швајцарскиот суд казни четири лица за транспарент употребен за време на протестот во Берн во 2017 година против турската влада, на кој, покрај зборовите „Убиј го Ердоган“, беше прикажан и пиштол вперен во ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Високиот суд во Берн прогласи четворица демонстранти за виновни за јавно поттикнување на злосторства или насилство. Пресудите беа обжалени до Федералниот суд на Швајцарија. Последната пресуда ги поништи ослободителните пресуди донесени во март 2022 година од страна на Регионалниот суд во Берн-Мителанд на четворица левичарски демонстранти, како што е наведено во пресудата од 65 страници. Секој од обвинетите е казнет со различни суми, во вкупна вредност од 12. 246 долари за нивното учество во контроверзните демонстрации. Заклучено е дека нема простор за метафорично толкување на транспарентот бидејќи јавното поттикнување убиство на лице не е заштитено со слободата на изразување или слободата на собирање.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење