Утрински Весник
Свет

Швајцарија: 90 земји и организации се пријавени за самитот за Украина

20240610100655 Big 730x400 57.webp.webp

Деведесет земји и организации досега се пријавиле за учество на самитот за мир во Украина, што Швајцарија ќе го одржи од 15 до 16 јуни, објави денеска швајцарската влада.

Русија не беше поканета на самитот што ќе се одржи во централна Швајцарија, но владата во соопштението нагласи дека состанокот ќе има за цел „заеднички да дефинира план“ за тоа како Москва и Киев да се вклучат во идниот мировен процес. Во јануари, Швајцарија се согласи да го организира самитот на барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обиде да собере поддршка за него меѓу земјите кои имаат подобри односи со Москва од водечките западни сили.
Русија го отфрли самитот како губење време. Русија не е поканета, вели Швајцарија, бидејќи посочи дека нема намера да присуствува. Меѓутоа, и Швајцарија нагласи дека Русија мора да биде дел од мировниот процес.

– На самитот ќе се разговара за теми од поширок меѓународен интерес, како што се потребата од нуклеарна и прехранбена безбедност, слободата на навигација и хуманитарни прашања како што се воените затвореници, изјави шефот на швајцарската дипломатија Игнасио Касис. 

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков