Утрински Весник
Магазин

Како помалку да троши клима уредот – еве како до пониски сметки за струја

Air Conditioner.png

Високите температури и животот без клима е речиси незамислив. Меѓутоа, штом ќе го земете далечинскиот управувач, се поставува друго прашање, колку ќе биде сметката за струја.

Дали навистина штедите струја со исклучување на климата кога не сте дома или подобро е да ја оставите климата да работи на иста температура цел ден?

Експертите велат дека системот за ладење на просторот најдобро функционира кога работи со полна брзина, а не кога работи во пократки интервали со помала брзина.

Поточно, подобро е да ја оставите климата да работи со полна моќност, кратко време, а потоа да ја исклучите кога ќе ја излади просторијата, отколку да ја оставите да работи цел ден на иста температура.

Во овој, полн интензитет на работа, клима уредот не само што ќе ви заштеди пари, туку и ќе ја избрка влагата од просторијата.

Исто така, кога се зборува за заштеди и клима, не можеме да го заобиколиме термостатот. Ако го поставите термостатот на клима уредот на повисока температура, да речеме дека разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната не е повеќе од седум степени, ќе заштедите многу.

Според некои податоци, клима уредите трошат три до пет проценти помалку енергија со секој степен повисок на термостатот.

Можете да прочитате

Во овие земји луѓето најмногу се разведуваат

Американка ќе наследи над милион долари од момчето со кое раскинала пред 30 години

Секогаш се сомневаат во себе: Четири хороскопски знаци кои имаат најмалку самодоверба