Утрински Весник
Балкан

Шумски пожар кај грчкиот град Литохоро – порака за евакуација до граѓаните што се во близина

20240818134248 Big 730x400 27.webp.webp

Шумски пожар избувна во близина на грчкиот град Литохоро во областа Пиериа, а преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се наоѓаат во местото Плака да се евакуираат кон Катерини и Лептокарија.

Шумски пожар избувна во близина на грчкиот град Литохоро во областа Пиериа, а преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се наоѓаат во местото Плака да се евакуираат кон Катерини и Лептокарија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 18 пожарникари со седум возила, два авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни од општините.

Според локалните медиуми, поради силниот ветер огнените јазици брзо се шират и веќе е предизвикана штета на една куќа.

Од грчката железница информираа дека поради пожарот привремено е во прекин железничкиот сообраќај во конкретниот регион.

Можете да прочитате

Путин ќе ја посети Република Српска, тврди Додик

Мигранти се тепале во Србија, едно лице загинало

Унгарската влада на ТИСА положи заклетва, Маѓар вети служба во интерес на нацијата наместо на премиерот