И додека Доналд Трамп е во притвро и се наоѓа во судот на Менхетен, Белата куќа откри што прави американскиот претседател Џо Бајден.
„ Претседателот Џо Бајден е свесен за обвинувањата против својот претходник и очигледно ќе „фати“ некои вести за тоа што се случува – соопшти Белата куќа, но беше нагласено дека случајот Трамп „не е во неговиот фокус“.
„ Видете, претседателот ќе се фокусира на американскиот народ како и секој ден. Ова со Трамп не е нешто што е во неговиот фокус. Ќе се фокусира на работи како што е продолжување на намалувањето на цените – рече секретарот за печат на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прашањето на Си-ен-ен, додавајќи:
„ Се разбира, ова се прикажува на многу мрежи со часови секој ден, па очигледно тој ќе фати дел од вестите кога ќе има време да ги достигне пропуштените информации што го одбележаа денот, но ова не е неговиот фокус за денес“ рече таа.
Бајден постојано одбива да го коментира случајот, но вчера за Си-Ен-Ен во Минесота изјави дека има доверба во полициската управа во Њујорк и одговори потврдно на прашањето дали има доверба во правниот систем.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп наскоро треба да се изјасни пред судот во Менхетен за обвинението кое обвинителството во Њујорк го поднесе против него. Трамп денеска е формално уапсен, но се очекува да биде ослободен по читањето на обвинението.