Утрински Весник
Македонија

Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во Кочани

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Апелацискиот суд во Штип утре ќе ги објави одлуките по жалбите на осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Оттаму велат дека постапуваат по 17 жалби за изречени мерки „притвор“, „куќен притвор“ и мерки на претпазливост поднесени од лица опфатени со истрагата за пожарот. Три жалби се пристигнати во петокот, а денес 14 жалби.


– Штипска Апелација утре ќе ги објави одлуките за притворските предмети за Кочани. Многу жалби има, а само тројца судии се за такви предмети, велат од штипска апелација.

Можете да прочитате

Речиси 12.000 Македонци работеле во Хрватска лани, најмногу во туризмот и градежништвото

Седница на партиското Собрание на Алијанса за Албанците

Поради сообраќајка блокиран сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, кај м.в.„Св.Петка“