Утрински Весник
Скопје

Штерјова: ВМРО го труе и Скопје, СДСМ бара одговорност за загадувањето на Лепенец

Image 2026 07 25 130400126.png

Изјава, Кети Штерјова СДСМ

Загадувањето на реката Лепенец значи дека отровот веќе стигна и во Скопје.

Белата боја и обемот на пената што вчера се појави на сливот на реката Лепенец во реката Вардар, најчесто се знак на синтетичко загадување. 

Ова е сериозен аларам власта нема капацитет за заштитата на животната средина и безбедноста на водните ресурси. 

Наместо конкретни мерки и одговорност градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, си игра со дронови, од воздух ќе го решавал проблемот. 

Човекот кој една обична слика за билборд не може да направи без грешка, 

На граѓаните на Скопје не им требаат спектакли, туку институции што ги штитат. И најважно, чиста и безбедна вода.

Скопје има проблеми со депонии, со смет, со загаден воздух а сега и проблем со загадување на Лепенец и Вардар.

СДСМ бара институциите веднаш да ја утврдат одговорноста за загадувањето и итна реакција за санација на проблемот.

Секој што си игра со здравјето на луѓето мора да сноси одговорност.

СДСМ нема да дозволи оваа власт да ја отруе цела Македонија. Време е за правда и вистина.

Можете да прочитате

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, Знам и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Центар домаќин на „Ноќна урбана трка“ – прв општински полумаратон

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење