
Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова
Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание – не мора да чека никого да поднесе пријава.
Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња.
А Обвинителството – молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија”. Тој и онака ретко се јавува кога народот бара правда.
Се јавува само кога ќе го повика Мицкоски – преку медиуми, од собраниска говорница или директно по телефон.
Кога граѓаните бараат заштита, Савески или не се јавува, или е на екскурзија и не може.
Во меѓувреме, од десетиците што учествуваа во нападот, веќе се познати барем двајца:
• Петар Марков – пратеник на ВМРО
• Наско Димитриев – член на ВМРО и возач на градоначалникот.
Едниот е пратеник. Другиот е човек близок до локалната власт на ВМРО.
А Обвинителството сè уште „не знае” кој ги нападна младите.
Ова е свесно одбивање да се заштитат граѓаните кога насилниците се од владејачката структура.
Додека Савески е на екскурзија, а Мицкоски на своја, младите остануваат без заштита, а насилниците – без одговорност.
Доаѓа време кога и ова ќе мора да се објасни.



