Утрински Весник
Македонија

Штерјова: Нови случаи на заболени во Гостивар и реинфекции – пет недели власта нема решение

Keti shterjova 12.8.2026.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Додека граѓаните пет недела чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. 

Уште поалрмантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани  – луѓе кои повторно се затруени и заболени.

Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола.

Пет недели Гостивар е отруен. 

Пет недели граѓаните немаат безбедна вода за пиење во среде лето со пеколни температури.

Пет недели Клековски и Мицкоски даваат различни изјави и и ветувања дека проблемот е пред решение и пет недели немаат решение. 

Си играат со здравјето на жителите на Гостивар, додека 5.000 граѓани се отруени. 

Се криеја информации за водата и никогаш не се објави анализа или извештај, кој одобрил водата да се користи како техничка иако власта потврди дека во водат има бактерии, не една туку повеќе.

Пет недели нема одговорност ниту од министерот за здравство Клековски, ниту од институциите кои потфрлија во заштитата на здравјето на граѓаните.

До 20 ти август за кога Клековски најави дека ќе бидат готови резултатите од анализите, опасноста од нови и реинфицирани случаи е присутна.

Јасно е дека на Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ не може да им се верува – нивниот збор повеќе ништо не значи.

Дозволија кризата да ескалира, бидејќи задоцнија во секој чекор – од прогласување на епидемијата до преземање мерки.

Дозволија да има и нови случаи на затруени граѓани и реинфицирани поради несопособност.

Ова што Владата на Мицкоски им го прави на граѓаните и на Гостивар и на целата држава е директно загрозување на нивното здравје и основно право на чиста и безбедна вода за пиење.

Јавното обвинителство до кога ќе молчи? 

СДСМ нема да дозволи ова да се заташка.

Одговорност за труењето на цел еден град  мора да има – и  политичка и кривична.

Можете да прочитате

Стојчевски: Со Мицкоски, младите се заборавени, понижени и тепани од криминалната власт

Уставниот суд со појаснување до Судскиот совет во врска со за извршувањето на одлуките

Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години се коцкале за пари во последните 12 месеци