Утрински Весник
Македонија

Штекли е вон животна опасност по нападот со бомба

Whatsapp Image 2024 11 14 At 11.30.17.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Раде Трајковски-Штекли е надвор од животна опасност и нема сериозни повреди, дознава „24 Инфо“ од извори во болницата. Според нив, тој поминал со помали телесни повреди по експлозијата на бомба фрлена во неговата семејна куќа.

„Стабилна здравствена состојба, вон животна опасност, испитувања се прават во моментов,“ потврдуваат болнички извори за „24 Инфо“.

Лицата кои го извршиле нападот сѐ уште не се идентификувани и приведени. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во инцидентот нема други повредени. Ова е трет напад врз Штекли, кој претходно преживеа два обида за ликвидација во трговскиот центар „Ист Гејт Мол,“ при што беше ранет во белодробното крило, но успеа да се спаси.

Можете да прочитате

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи