Утрински Весник
Спорт

Шпанската полиција врши претрес во Фудбалскиот сојуз поради Барселона

Шпанската полиција врши претрес во Фудбалскиот сојуз поради Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона е под истрага поради сомневања за „активен поткуп“ на членовите на судискиот комитет во последните две децении.

dobivaj vesti na viber

Шпанската полиција изврши претрес во просториите на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) како дел од судската истрага за наводната повеќегодишна исплата на милиони евра, кои Барселона му ги платила на потпретседателот на Судискиот комитет, Хозе Марија Енрикез Негреира.

Како што тврди Ројтерс, постои сомневање дека имало системска корупција од страна на Барселона, поради што е покрената истрага, а во рамките на која заедно со каталонскиот клуб ќе се проверува и документацијата на Шпанскиот фудбалски сојуз.

Сомнежите за системска корупција се појавија во март оваа година, кога беше откриено дека во претходните 17 години, Барселона платила 7.300.000 евра на компаниите на Хозе Марија Енрикез Негреира, кој беше потпретседател на Судиската комисија на шпанската Фудбалски сојуз 1993 до 2018 година.

Од агенцијата Ројтерс побарале ни не можеле да добијат изјави од Негреира и Барселона по најновите информации за истрагата, но потсетува дека челниците на каталонскиот клуб уште во февруари ги негирале сите наводи дека актуелниот шампион на Шпанија бил вмешан во какви било нечесни активности.

Барселона тогаш објави дека клубот плаќал консултант кој им ги доставувал „техничките извештаи поврзани со професионалното судење“ и додаде дека тоа е вообичаена практика во професионалните фудбалски клубови.

Барса обвинета за корупција, претседателите на суд

 

Можете да прочитате

Мбапе потврди дека е дојден крајот на неговата мисија во ПСЖ

Пелистер поведе против Работнички и е на чекор до ново финале во мак-баскетот

(Видео) Ѓоковиќ доби шише во глава и завршил во болница