Утрински Весник
Македонија

Шпанската Амбасада организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Мадрид – Скопје

Large.webp.webp

Амбасада на Шпанија во Скопје организира концерт по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, што ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата. 

На концертот, како што соопштуваат од Амбасадата, ќе настапат македонските реномирани уметници –  „волшебникот на пијаното“ Дино Имери, како и Камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra“, под диригентство на маестра Дијана Имери Илкоска.

Програмата е составена од дела од македонски и од шпански композитори: Томислав Зографски, Вања Ѓумар Николовски, Дијана Имери Илкоска, Дамир Имери, Мануел де Фаља, Фредерик Момпу и Исак Албенис. Некои од делата ќе доживеат скопска и светска премиера, наведуваат од Амбасадата на Шпанија во Скопје. 

Можете да прочитате

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

Притвор за возачот на камионот по тешката несреќа на скопската обиколница

Земјотрес ги вознемири Скопјани – 24info.mk