Утрински Весник
Свет

Шпанија: Големи демонстрации против премиерот Педро Санчез поради корупција

20250608154309 big 730x400 6.webp.webp

Десетици илјади луѓе се собраа денеска во Мадрид на демонстрации организирани од главната конзервативна опозициска партија, против владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, обвинувајќи ја за корупција.

Демонстрантите се собраа на Шпанскиот плоштад во центарот на главниот град, порачувајќи му на Санчез „Поднеси Оставка!“.


Народната партија го свика собирот откако протечените аудио снимки наводно покажуваат дека член на Социјалистичката партија води кампања за клевета против полициска единица која истражува обвинувања за корупција, во која наводно се вклучени сопругата, братот и поранешната десна рака на Педро Санчез.

Социјалистичката членка ги негираше обвинувањата.

Лидерот на Народната партија на Шпанија, Алберто Нуњез Феихо, ја обвини владата за „мафијашки практики“ во аферата, тврдејќи дека Санчез е во центарот на повеќе корупциски скандали.

Народната партија процени дека повеќе од 100.000 луѓе присуствувале на денешниот митинг под слоганот „Мафија или демократија“.

Можете да прочитате

Првите припадници на Националната гарда пристигнаа во Лос Анџелес, најавени се нови протести

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток