Утрински Весник
Спорт

Шортс прогласени за МВП на финалната серија на Еврокупот

Shorts.png

Плејмејкерот на Париз, Ти-Џеј Шортс е прогласен за најкорисен играч на финалето на Еврокупот во 2024 година.  Парискиот тим ја доби финалната серија против Бург со 2:0.

Во финалната серија 26-годишниот Американец со македонски пасош имаше просек од 18 поени, 4,5 скока, 4,5 асистенции и 1 украдена топка.

Шортс претходно го освоија МВП на регуларниот дел од сезоната на Еврокупот оваа сезона.

– Благодарен сум на сите што на теренот дадоа придонес за победата. Противникот има квалитетен состав. Драго ми е што ја освојувам оваа награда, рече Шортс.

Париз го освои Еврокупот за прв пат во историјата. Оваа сезона е трета за клубот во елитата на француската кошарка.

Со триумфот во Еврокупот, Париз си обезбеди место во елитната Евролига следната сезона.

Можете да прочитате

РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветна кратенка за нашата држава

Пораз на македонските ракометари од Грција

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден