Утрински Весник
Свет

Шолц: Нема врска меѓу кандидатурата на Турција за ЕУ ​​и членството на Шведска во НАТО

Шолц: Нема врска меѓу кандидатурата на Турција за ЕУ ​​и членството на Шведска во НАТО
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германскиот канцелар, Олаф Шолц, изјави дека нема врска меѓу преговорите за членство на Турција во ЕУ и влезот на Шведска во НАТО како што тврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

dobivaj vesti na viber

„Тоа не треба да се гледа како поврзана тема“, рече германскиот канцелар на прес-конференција во Берлин коментирајќи го неочекуваниот услов што го постави турскиот претседател во изјавата за новинарите претходно.

Шолц оцени дека „ништо не стои на патот на Шведска да влезе во НАТО“, што турскиот претседател го кочи со месеци.

„Првин отворете го патот за Турција да влезе во Европската Унија, а потоа ние ќе го отвориме патот за Шведска исто како што го отворивме патот за Финска“, изјави Ердоган пред новинарите пред отворањето на годишниот самит на НАТО во Вилнус.

Олаф Шолц рече дека гледа „позитивна порака“ во изјавите на турскиот претседател, имено дека зеленото светло за членството на Шведска е „замисливо во блиска иднина“.

Преговорите меѓу Турција и ЕУ се во застој веќе неколку години.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин