Утрински Весник
Свет

Шолц: Европа се покажа како силна кога сме заедно

Шолц: Европа се покажа како силна кога сме заедно

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Европа се покажала како силна кога сите земји се држат заедно и меѓусебно се поддржуваат.

dobivaj vesti na viber

За време на говорот во Бундестагот, Шолц рече дека Германија стана независна од рускиот гас и нафта со реорганизирање на снабдувањето со енергија во последните осум месеци.

Шолц рече дека цената на бензинот паднала под нивото пред војната меѓу Русија и Украина, истакнувајќи дека во Германија се штедело гас и дека во 2022 година биле потрошени 18 отсто помалку во споредба со претходната година.

– Сега е важно да се изгради силна нова енергетска инфраструктура бидејќи во оваа криза Европа се покажа како силна кога сме заедно и се поддржуваме – рече Шолц.

За енергетското прашање сеопфатно ќе се разговара на самитот на лидерите на Европската унија (ЕУ), што ќе се одржи во Брисел од 23 до 24 март, додаде германскиот канцелар.

Тој нагласи дека Европа ќе ја подготвуваат не само за следната зима, туку и за следните години.

Шолц се осврна и на војната меѓу Украина и Русија, повторувајќи дека Германија ќе ја поддржува Украина се додека е потребно во нејзината борба за слобода и територијален интегритет.

Тој посочи дека е особено важно брзо да се обезбеди Украина со потребната муниција,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Трговската размена помеѓу Кина и Јужна Америка изнесува над 500 милијарди долари

Во Мексико убиен уште еден кандидат за градоначалник

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година