Утрински Весник
Свет

Шолц: Ќе испраќаме оружје и пари во Украина се додека е потребно

Шолц: Ќе испраќаме оружје и пари во Украина се додека е потребно
Img 5587

Германија ќе ја поддржува Украина се додека е потребно, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

dobivaj vesti na viber

„Украина може да смета на фактот дека ќе продолжиме да ѝ обезбедуваме голема финансиска и хуманитарна помош, како и поддршка во оружје се додека тоа е неопходно“, изјави Шолц во интервјуто објавено денеска за германскиот магазин „Фокус“.

300x250 (7)

Шолц не сакаше да прогнозира колку долго ќе трае војната во Украина, но нагласи дека „Русија не смее да победи во таа војна“. Исто така, според него, не смее да има употреба на нуклеарно оружје, што јасно го кажа и меѓународната заедница.

На прашањето дали рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник, Шолц рече дека „војната во Украина ги крши сите правила на меѓународното право и Владимир Путин е одговорен за таа војна“.

„Таму беа извршени неверојатно сурови воени злосторства“, рече германскиот канцелар, додавајќи дека Германија ќе помогне во решавањето на злосторствата, ќе ги идентификува одговорните и ќе ги повика на одговорност.

Оцени дека сегашната стратегија на Русија во војната не носи резултати. „Обидот на руската армија да го скрши украинскиот дух на отпор со тешки ракетни напади очигледно е неуспешен, и покрај страшното уништување“, додаде тој.

Руската надеж дека масовното движење на бегалците од Украина може да ја загрози поддршката на европските земји „исто така се покажува како грешка“, истакна канцеларот.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум