Утрински Весник
Свет

Шмигал: Енергетскиот систем на Украина, по рускиот ракетен напад, е под контрола

Picture 1068 660x417 1.jpg
300x250 (7)

Ситуацијата во енергетскиот систем на Украина останува под контрола по неодамнешниот руски ракетен напад и нема потреба да се воведуваат распореди за прекин на енергијата низ целата земја, изјави украинскиот премиер Денис Шмигал во својата објава на Телеграм. Утринава Русија изврши масовен напад врз цивилната и енергетската инфраструктура на Украина, таргетирајќи голем број региони со различни видови ракети и беспилотни летала. По нападот, во некои региони моментално има прекини на електрична енергија. „Генерално, ситуацијата во енергетскиот систем на Украина е под контрола“, истакна Шмигал. Според него, нема потреба од воведување распореди за прекин на енергијата низ целата земја, бидејќи енергетските работници веќе работат на брзо враќање на напојувањето со електрична енергија. „По терористичкиот напад на Русија, беше оштетена и цивилна инфраструктура. Има повредени и загинати. Изразувам најдлабоко сочувство“, додаде Шмигал. Премиерот Шмигал нагласи дека на Украина и треба повеќе оружје и системи за противвоздушна одбрана за да ги заштити цивилите.  „Војната мора да стане неподнослив товар за агресорот“, истакна Шмигал. Украинските сили синоќа соборија 55 руски беспилотни летала „Шахед“ и 37 проектили.

Ss1

Можете да прочитате

Десетици торнада го погодија централниот дел на САД

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи