Утрински Весник
Спорт

Шевченко му се заблагодари на Милан за поддршката за Украина

Шевченко му се заблагодари на Милан за поддршката за Украина

Украинската фудбалска легенда, Андриј Шевченко му се заблагодари на својот поранешен клуб Милан за „неверојатната“ поддршка која ја даваат на неговата земја. Популарниот Шева, кој има над 300 настапи за „росонерите“ вели дека средствата кои се собрани со помош на клубот придонеле многу за бегалците од Украина, кои веќе пристигнле во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Фондацијата на Милан заврши неверојатна работа за Украина од почетокот на војната. Со само еден телефонски разговор направивме добра програма со градоначалникот на Милано за помош на украинските бегалци“, вели Шевченко за „Си-ен-ен“.

Шевченко заедно со програмата „Милан за мир“ собраа 200.000 евра со посебно дизајнираните дресови со бројот и името на легендарниот напаѓач, откако првата тура се продаде за неколку дена.

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи