Утрински Весник
Македонија

Шестмина повредени во сообраќајка на три автомобили во Струмица

Pol

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во 03:40 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, соопшти СВР Струмица. Во несреќата учествувале три автомобили со струмички регистарски таблички -„ауди“ управувано од К.Р. (25) од Струмица, „опел астра“ управувано од К.Ш. (29) од село Гечерлија, струмичко и „бмв“ управувано од А.С. (26) од село Ангелци, струмичко. Како што се наведува во соопштението, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.С.(24), сопатник во патничкото возило „ауди“, а со телесни повреди се здобиле возачите на патничките возила „ауди“ и „опел астра“, како и М.Ш и А.Д., сопатници од патничкото возило „опел астра“ и В.М.Ѓ., сопатник од патничкото возило „ауди“. Повредите биле констатирани од лекар во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Струмица.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано 

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице