Утрински Весник
Свет

Шеста ерупција на вулкан на Исланд од декември, лавата не претставува закана

20240317081421 Big 730x400 48.webp.webp

Вулкан на југозападот на Исланд, на полуостровот Рејкјанес, повторно еруптираше синоќа, шести пат од декември, исфрлајќи лава. Ерупцијата започна по 21 часот, по серија силни земјотреси. Исландските власти соопштија дека ерупцијата не претставува закана за населението.

Началникот за временски прилики и клима во Норвешката метеоролошка агенција, Халдор Бјорнсон, за исландскиот новински портал „Висир“ изјави дека, за разлика од претходните ерупции, токот на лавата не оди кон градот Гриндавик, кој беше евакуиран во декември кога дојде до ерупција по 800 години мирување на вулканот.

Геофизичарот Магнус Тума Гудмундсон изјави дека Гриндавик не е во опасност и дека се очекува ерупцијата да достигне врв и потоа да почне да слабее како и претходните.

Не се очекува ерупцијата да влијае на авионскиот сообраќај.

Можете да прочитате

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица