Утрински Весник
Македонија

Шест награди на три филмски фестивали за „Диџеј Ахмет“

Djahmetnagrada.jpg

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ направи историски подвиг: за само два дена филмот освои шест престижни награди на три различни филмски фестивали ширум Европа.

На Босфорскиот филмски фестивал (@bogaziciff) филмот доби Специјална награда на жирито и награда за најдобар актер за Ариф Јакуп.


На Севилскиот европски филмски фестивал (SEFF) (@festivalsevilla), Ahmet повторно ги воодушеви жирито и публиката, освојувајќи Гран При на жирито и награда за најдобар актер — Ариф Јакуп.

На Брауншвајг Интернационалниот филмски фестивал (@filmfestivalbraunschweig), филмот беше признат како Најдобар европски дебитантски или втор филм на жирито (Volkswagen Financial Services Film Prize) и ја освои Наградата на публиката за најдобар европски дебитантски или втор филм (Der Heinrich).

„Ова е неверојатно признание за целата екипа, особено за Ариф Јакуп и Георги М. Унковски. Македонија повторно го истакнува својот талент на светската филмска мапа“, изјавија од тимот на DJ Ахмет.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари