Утрински Весник
Македонија

Левица обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ ја вандализирало нивната канцеларија во Аеродром

583290271 1135021395454781 4353979286146125784 n.jpg

Соопшштение за јавност на Левица:

Синоќа, во доцните часови, вандалите поддржани од власта на ДПМНЕ повторно се обидоа да покажат моќ, односно со спреј ја вандализираа канцеларијата на Левица – ЛО Аеродром.


Очигледно е: кога немаат аргументи, се служат со вандализам и заплашување.

Но ако мислат дека со тоа ќе не‌ заќутат, тропнале на погрешна врата. Членовите на Левица се цврсто убедени во своите ставови и нема сила што може да нѐ натера да отстапиме од нашата идеолошка борба.

Левица била, е и ќе остане непоколеблива против расипничките и штетни политики на ДПМНЕ. Ниту вандали, ниту притисоци, ништо нема да не‌ одврати од борбата за доброто на народот.

Можете да прочитате

Работна посета на министерот Муцунски на Република Хрватска 

Собранието пресече: Техничката влада заминува во историјата

За три месеци министерствата потрошиле над 400 милиони евра